Среќата е единственото нешто кое се зголемува кога се споделува.
Како овој свет да стане барем малку подобар свет? Со помагање еден на друг и со споделување на чувствата кои го враќаат внатрешниот мир, она враќање на изгубената димензија кое му е потребно на светот. Ако сте подготвени да усреќите некого, знајте дека вашата среќа дупло ќе се зголеми.
Луѓето патуваат низ светот во потрага по љубов, среќа, различни чуда а не знаат дека таа иста љубов мора прво да започне од нив. Среќните луѓе размислуваат среќно.
Животот станува многу поубав и посмислен кога ќе ја откриеме убавината во малите нешта, кога ќе сфатиме дека за среќа не треба многу, и кога можеме да го живееме денешниот ден без да се враќаме на минатото. Животот станува многу позабавен кога ќе сфатиме дека не е тајната во тоа да сме постојано среќни, туку секогаш да пронаоѓаме надеж и да сакаме да одиме напред.
Во тоа се крие мудроста на животот. Среќата е единственото нешто кое се зголемува кога се споделува. И тоа е она кое треба да го правиме, секој ден повторно и повторно за да живееме живот вреден за паметење.