Категории

Божјата одлука секогаш е онаа најдобрата

Поучна приказна за Божјиот суд и начинот на кој Тој ги крои човековите патишта..

Еден крал имал свој помошник кој во секоја прилика, без оглед на тоа дали одговарало во неа или не, знаел да каже: „Бог секогаш изведува сè на добро“. После одредено време, кралот кој постојано ја слушал таа изрека, веќе не можел повеќе да ја поднесе.

Еднаш двата заминале на лов. Кралот застрелал еден елен. Кога помошник и кралот огладнеле, запалиле оган и го испекле еленот. Кралот почнал да јаде, но во својата лакомост си го пресекол прстот. Помошникот на тоа рекол: „Бог секогаш изведува се на добро.“
На кралот веќе му било преку глава. Во бес го отпуштил помошникот од својата должност и му заповедал да замине и никогаш повеќе да не се врати. Помошникот заминал а кралот сит од изедениот елен, мирно заспал.

Тогаш го нападнале диви разбојници, следбеници на божицата Кали. Наумиле да го жртвуваат кралот на својата божица и да го изедат. Во последен момент еден од разбојниците забележал дека на кралот му фали еден прст. Разбојниците во тој миг со викање заклучиле: „Овој човек не е без маани. Му недостига еден прст.“ Па така го пуштиле да си оди.

Кралот се сетил на зборовите на својот помошник: „Бог секогаш изведува се на добро“ и заклучил дека бил во право како и во неговиот случај. Се почувствувал виновен што го прогонил својот помошник и тргнал во негова потрага. Успеал да го пронајде после долго време. Кралот му се извинил и го замолил повторно да се врати на својата должност. На тоа помошникот му одговорил: „Не треба да се извинуваш. Јас сум благодарен што ме отпушти. Затоа што разбојниците ќе ме жртвуваа мене. Мене не ми недостига еден прст. Бог секогаш изведува се на добро.“

Прегледи:
469
Објавено на:
03.05.2020