Категории

Брзи, слатки и шик: 3 фризури поради кои ќе заблескате на плажа

Кога се подготвувате за годишниот одмор, фризурата не е првото нешто што ви паѓа напамет, но сепак потребна ви е фризура која ќе издржи и убаво ќе изгледа во текот на целиот ден. За да не се мачите со расчешлувањето на мократа коса која поради солта станува уште понепослушна, ве советуваме да се одлучите за некои од следните идеи бидејќи изгледаат одлично и се многу практични.

Рибини коски или фестивалски плетенки

Нема ништо подобро од добрите стари боксерски плетенки кои можат да го задржат обликот дури и неколку денови, а ако ги пуштите откако ќе се вратите од плажа, ќе имате прекрасни таласи и фризура подготвена за вечерно излегување. Освен нив, одличен избор се и фестивалските плетенки коои изгледаат уште подобро ако во нив вметнете шарени врвки.

A post shared by Romee Strijd (@romeestrijd) on

Пунџа или полу-пунџа

Овие две фризури ќе ви одземат околу неколку минути за стилизирање, а со нив ниогаш нема да погрешите. За да изгледате колку што е можно полежерно, извлечете неколку прамења или ако носите полу-пунџа, направете ја ден по плетенките кога косата се уште ви е брановидна.

Марама како завршен детал

Ако се одлучите за нешто поотмено и префинето дури и за на плажа, заврзете опуштено репче и замотајте го со марама или искористете ја како трака за коса.

A post shared by Camila Coelho (@camilacoelho) on

Прегледи:
676
Објавено на:
13.07.2018