Категории

Добрите луѓе не се глупави!

Колку нечовекот може да ве повреди, толку Бог може да ве награди. 

Немојте да се лажете, добрите луѓе не се глупави, напротив!
Често имаат прилично висок коефициент на интелигенција, кој им овозможува светот да го видат приближно онаков каков што е и тоа им влева сила и мотивација постојано да се обидуваат макар барем малку да го разубават, да помогнат таму каде што можат.

И тие гледаат сосема јасно, кога некој поради тоа ги злоупотребува, исмејува, предава и измамува. Не се слепи.
Но исто така знаат дека тоа е нивна задача. Да помагаат без да бараат услуга за возврат, да сакаат безусловно и оној кого понекогаш и родената мајка не го сака, да дадат кога ни самите немаат, да решаваат туѓи проблеми, да му помогнат на секој кој има мака.
Дури и кога ќе ги злоупотребат и измамат, не можат да ја убијат нивната добрина.
Никогаш не можеш да го убиеш тоа во нив.

Зошто? Затоа што секој го нуди само она кое што го носи во себе. А овие луѓе носат само добродушност, љубов и разбирање, сочувство и убавина на срцето и душата. Тој кој ги има овие вредности секогаш ќе биде даруван со убавини.

Бог секогаш враќа!

Тие никогаш нема да го добијат од луѓето она кое Бог знае дека го заслужиле, и затоа животот никогаш нема да им остане должен. За нив секогаш ќе има некој кој ќе ги спаси кога им е потребно спасување, да ги разбере кога им е потребно разбирање и да ги извлече од бездната кога едвај се држат на работ.

Светот е полн со добри луѓе, само се сокриени во глувчешка дупка плашејќи се од оние дивите и недокажани кои некако подмолно се стремат да владеат со светот. Се кријат од тие луѓе-нелуѓе и понекогаш се случува и да заборават дека Бог ја сака вистината и ги сака оние добрите со чисто и искрено срце.

Бидете такви на некое време. Бидете добар човек и видете што ќе се случи.

Очекувајте дека можеби ќе бидете предадени од оние на кои сте им помогнале, но исто така и очекувајте чуда, многу поголеми и позначајни што ќе ги направат тие предавства толку безначајни. Колку нечовекот може да ве повреди, толку Бог може да ве награди.
Не дозволувајте животот да ви помине во глувчешка дупка. Бидете храбри, затоа што среќата ги прати добрите и храбрите.. А Бог?.. Тој таквите ги сака најмногу!

Прегледи:
706
Објавено на:
29.01.2020