Почитувајте ја својата добрина
Да, почитувајте ја својата добрина и својата вистина природа од која извира. Никогаш тоа не било лесна задача, а денес тоа на многумина им делува како невозможна мисија ако сте наумиле да опстанете и да постигнете нешто во ова време и свет во кој живееме. Сепак, обидете се. Немојте своите доблести да ги доживувате како маани, затоа што сето ова време ни наметнува некои вредности кои се уствари карикатури. Останете добри, чесни, вредни и ведри, со верба во подобро утре, со верба во подобро денес, колку и да ви се чини сето ова како утопија.
Помагајте им на послабите од себе ако се најдете во таква позиција, ќе се почувствувате подобро, затоа што вашата внатрешна сила ќе расте. Не ги сопнувајте другите за да ја остварите сопствената цел, тие не се во предност во однос на вас. Никогаш нема да бидат. Пуштете ги со мир. Почитувајте ја својат добрина. И затоа немојте да ја играте играта на тие луѓе ако не се чувствувате дека сте такви. Ако во вас живее добрина и вистински вредности, без оглед на сета неправда, истрајте да бидете добри и бидете самоуверени затоа што знаете дека во вас живее добрина и поседувате доблести, без оглед на оние користољубиви и лажни луѓе околу вас.
Вистинската добрина сеуште никому не му наштетила но на многумина им помогнала. Нека вашите мисли бидат здрави, така ќе можете да ја создавате сопствената среќа.
Џозев Кембел рекол: „Не верувам дека луѓето трагаат по смислата на животот, туку трагаат по искуство да се почувствуваат живи.“