Категории

„Еден ден ќе сакаш повторно, ти ветувам!“

Еден ден ќе сакаш повторно, а тоа ќе биде љубов која никогаш нема да те повреди, затоа што онаа вистинската не доаѓа со такви намери, никогаш.

Ова е за сите оние кои се скршени. Чие срце крвари и мислат дека болката нема да помине никогаш. За сите кои се прашуваат себеси зошто не биле доволни и кои се убедени дека нема да пронајдат љубов никогаш повеќе. Со секое ново утро, твоето срце ќе боли помалку, се поретко ќе го изговара нивното име. Со секој нов ден ќе пушташ се помалку солзи на таа песна.
И еден ден ќе ја погледнеш таа личност во очите и ќе бидеш среќен што завршило.

Се додека не пристигне тој ден,не плаши се од болката, чувствувај ја и прости си на себеси што страдаш. Тоа е единствениот начин да се излечиш и да бидеш повторно ти.
Луѓето кои заминале од тебе никогаш не дошле за да останат, нивниот пат бил одреден уште долго пред да влезат во твојот живот. Не бунтувај се против судбината, не можеш да победиш.
Тие дошле за да те научат на некоја лекција и да те ослободат да го пронајдеш она кое ти припаѓа.

Не е воопшто лесно да пуштиш некого кого си сакал, но верувај дека болката од нивното заминување е многу полесна од онаа која би ти ја нанесувале секој ден неумеејќи да те сакаат онака како што заслужуваш.
Еден ден ќе сакаш повторно, а тоа ќе биде љубов која никогаш нема да те повреди, затоа што онаа вистинската не доаѓа со такви намери, никогаш.

Прегледи:
455
Објавено на:
02.07.2020