Првата дама на САД, Меланија Трамп избра зелен стајлинг за најголемиот христијански празник
Американската прва дама, Меланија Трамп секогаш се труди да изгледа беспрекорно па дури и кога е во изолација. Поради пандемијата, традиционалната велигденска игра “Egg Roll” која се одржува во дворот на Белата куќа беше откажана, па поради тоа Меланија подготвки видео во кое на најмладите им ја чита велигденската приказна “The Little Rabbit”.
Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, за оваа специјална прилика избра зелен стајлинг од глава до пети покажувајќи го својот префинет вкус за мода.
Таа носеше миди фустан во зелена боја украсен со широк колан, а целокупниот стајлинг го надополни со зелени потпетици.
„Се надевам дека убаво го прославувате овој посебен празник. Внимавајте на себе и на другите, честит Велигден“, порача Меланија.