Моделот на фармерки кој беше вистински хит повторно се враќа на модната сцена, но не сите се толку воодушевени од него
Иако на пазарот се присутни веќе од ’50-тите години на минатиот век, acid wash фармерките или таканаречените „прскани“ фармери врвот на својата популарност ја достигнаа во ’80-тите. Тогаш ги поделија модните следбеници на такви кои ги обожаваа и такви кои никогаш не би облеклена себе. Ситуацијата не е ништо поинаква ни денес.
Светски познатите дизајнери и модни куќи повторно почнаа да го користат овој материјал на „прскан“ тексас во своите нови колекции, сите почнувајќи од Christian Dior, до Ralph Lauren па се до Valentino.