Сопругата на шпанскиот крал продолжува да не воодушевува со модните избори на кралската турнеја
Кралот Фелипе VI и неговата сопруга кралицата Летисија, овој пат го посетија сточниот пазар во Торелавега во Кантабријја, во оквирот на кралската турнеа по шпанските провинции зафатени од вирусот Covid-19 и штетите кои тој ги нанесе.
Кралскиот пар разговараше со голем број сточари, ја набљудуваше трговијата и учествуваше во состаноци со рибарските здруженија.
За оваа прилика, кралицата Летисија избра шик модна комбинација од разигран комбинезон од лелеав материјал со цветен дезен, идеален за високите температури.
Иако често ја гледаме во омилените крем еспадрили, овој пат избра ист модел во тегет нијанса кој совршено се вклопи во целокупниот стајлинг.