Категории

(ФОТО) Модата на црвениот тепих на доделувањето на SAG наградите 2020

Вистински рај од гламур и женственост. Погледнете ги сите стајлинзи на доделувањето на SAG наградите.

Кога е во прашање доделување на филмски награди, црвениот тепих се претвора во вистински рај од холивудски гламур, префинетост и елеганција. На доделувањето на SAG наградите оваа година, дефинитивно доминираше безвременската класика и женственост бидејќи дамите се одлучија да играат на сигурно кога се во прашање нивните стајлинзи.
Еве како изгледаше црвениот тепих и што избраа да носат познатите ѕвезди од светот на шоу бизнисот за оваа свеченост.