Со раскошното шаренило во природата, силното сонце и високите температури, на сцена доаѓаат и најубавата летна модна класика – Белата боја и тоа од глава до пети
Со покачувањето на температурите веќе конечно можеме да кажеме дека зачекоривме во топлото сончево лето. Освен сезоната на седење на балконите и дворовите и јадењето на омилениот летен десерт – сладоледот, летото со себе ја носи и сезоната на белата боја.
Белата боја е создадена за врелите сончеви денови. Сега е вистински момент кога можете да и се препуштите на минималистичката класика – од долгите едноставни фустани од лелени материјали, бели маици и фармерки како ултимативен шик и кул стајлинг.
Ви споделуваме неколку одлични модни предлози кои ќе ве инспирираат како да ја носите белата боја ова лето.