Доделувањето на Оскарите секоја година традиционално го прати забавата на познатиот американски магазин Венити Фер.
И оваа година црвениот тепих беше преполн со холивудски актери и луѓе од светот на шоу бизнисот кои немале прилика да прошетаат на црвениот тепих во текот на доделувањето на престижните филмски награди.
Овогодинешната забава на Венити Фер дефинитивно ја одбележаа славните убавици кои повторно се одлучиле за многу провокативни изданија. Една од најскандалозните тоалети на забавата била онаа на најплатената манекенка на денешницата, Кендал Џенер која на црвениот тепих пристигнала во друштво на нејзиниот татко Кејтлин Џенер.
За какви креации се одлучиле останатите познати личности погледнете во нашата галерија: