Категории

Инстаграм тренд: Mаникир во различни бои!

Во маникир уживаат речиси сите дами. Трендовите постојано се менуваат, а најновиот е нокти во различни бои.

Трендот за маникир во различни бои го освојува Инстаграм, а и останатите социјалните мрежи. Речиси и да нема блогерка која не одвоила време да направи маникир со различни нијанси на лак.
И додека некои преферираат да се ограничат само на една палета бои, други користат различни палети на бои. Комбинациите се секакви, па слободно можете да се одлучите за црвена и зелена, зелена и сина, или која боја и да ја посакате.
Убавината на овој маникир е во тоа што добро изгледа и со сјајни и со мат лакови. Изборот е ваш.

Прегледи:
846
Објавено на:
14.05.2019