Категории

Ирина Шајк во класичен стајлинг докажа дека за сексапил не е потребна голотија

Преубавата Русинка изгледа совршено закопчана од глава до пети во елегантен смокинг

Една од најубавите жени во светот, руската манекенка Ирина Шајк мамеше погледи во светликаво елегантно одело закопчана од глава до пети.
На доделувањето на наградите на магазинот Inovator во Менхетен кое се одржуваше во музејот на Модерната уметност, 34-годишната убавица носеше класичен смокинг во „машки“ стил кој го искомбинира со високи потпетици.
Иако оделото не ги истакнуваше нејзините совршени пропорции и вајано тело, таа покажа дека за сексипил не е потребна голотија.

За интервјуто таа изјави: „Имам 34 години и многу сум среќна со она што го работам. Мислам дека жените се како вино, колку се постари тоа се подобри, помудри и донесуваат подобри одлуки во животот. Жените не треба да се чувствуваат стари одвнатре“ – сподели Ирина.