Категории

Италијанскиот 65-годишен кардиолог кој го победи корнавирусот сподели: „Најлошото доаѓаше во ноќите..“

И додека бил болен се грижел за другите пациенти со кои заедно лежел на интензивна нега

Лекарите и медицинскиот персонал во римската болница Касалпалочо во тишина се движат околу пациентите заболени од коронавирусот кои беспомошно лежат во креветите опркужени со апарати кои им ги мерат виталните знакови.

Медицинскиот персонал строго се придржува до сигурносниот протокол. Сите се заштитени од глава до пети со специјални заштитни одела, ракавици од латекс на рацете, маски и заштитни наочари на лицето.

Сестрите редовно ги дезинфицираат ракавиците со сретства за дезинфекција. Една по една излегуваат накратко на свеж воздух а потоа повторно се враќаат на своите должности, голем дел од нив работат и деноноќно.

Еден од пациентите кој се опорави е 65-годишниот кардиолог Фабио Биферали кој помина осум дена изолиран од светот во еден ден од интензивната нега.

„Имав чудни болки, како некој да ми седи на грбот. Бидејќи сум лекар, си реков на самиот себеси дека тоа е воспаление на плуќата. Не можам да зборувам за тоа да не заплачам. Солзите сега ми доаѓаат лесно“ – рече тој.

„Терапијата со кислород е тешка, потрагата за радијалната артерија е болна. Некои други очајни пациенти викаа „доста, доста“. Најлошото доаѓаше во ноќите. Не можев да спијам, собата беше преплавена од тешкотија. Во отекот на денот доаѓаа сестрите и докторите, доставуваа храна. А во ноќите, доаѓаа ноќните мори. Смртта се движеше.“ – опиша Фабио.

Но сепак од сето ова извлече доста важна лекција.

„Отсега па натаму, ќе се борам за јавното здравје. Ова не смее да се третира како показна вежба која ќе остане во рацете на политичарите. Мораме да го одбраниме еден од најдобрите здравствени системи во светот.“ – заклучи во разговорот со италијанските медиуми.

Прегледи:
456
Објавено на:
03.04.2020