Категории

Како Бог ви помага а вие не сте свесни за тоа

Бог е секојдневно со нас, присутен е во секоја секунда од нашиот живот. Најчесто не сме свесни за неговата помош и љубов, а ова е само еден пример за тоа како Тој делува а ние не сме свесни.

Човек: Боже, може ли да те прашам нешто?
Бог: Секако.
Човек: Вети ми дека нема да се лутиш.
Бог: Верувам!
Човек: Зошто дозволи да паднат толку нешта на мене?
Бог: Како мислиш?
Човек: Па, утрово заспав.
Бог: Да..
Човек: Требаше цела вечност за мојот автомобил да запали
Бог: Да, видов..
Човек: За ручек добив сендвич кој не го нарачав – и морав да чекам.
Бог: И?
Човек: На патот накај дома од работа, ми се испразни батеријата во тој миг кога имав важен повик..
Бог: Да, знам.
Човек: И како сето тоа да не беше доволно, кога стигнав дома и сакав да се опуштам во новиот масажер, тој не работеше. Денес ништо не оди како што треба. Зошто дозволи да се случат сите овие нешта?
Бог: Ако заврши, дозволи ми да ти објаснам. Гледаш, утрово покрај твојот кревет стоеше ангелот на смртта, а јас испратив еден од своите ангели да се бори со него за твојот живот. А за тоа време те оставив да спиеш..
Човекот: (понизно) О, навистина?
Бог: Не му дозволив на твојот автомобил веднаш да запали затоа што на твојот пат се наоѓаше пијан возач, кој ќе се судреше во тебе ако ти се најдеше на патот..
Човек: (непријатно) Ох..
Бог: Личноста која ти го подготвуваше сендвичот за ручек беше болна и не сакав и ти да го добиеш тој вирус. Знаев дека не смееш да изостанеш од работа..
Човек: (зарамено ја наведна главата)
Бог: Твојот телефон престана да работи во мигот кога личноста со која разговараше сакаше да те излаже и измами во врска со некои нешта поради што ти можеше да ја изгубиш работата.
Човек: (тивко) Разбирам, Боже.
Бог: А твојот нов масажер кој го купи, имаше фабричка грешка. Тој би работел некое време и потоа би се расипал и запалил а и ти заедно со него.
Човек: Боже, прости ми што така те нападнав..
Бог: Немој да се растажуваш, само научи да ми веруваш, во се.. И во добро, и во зло!
Човек: Да, ќе ти верувам!
Бог: И не се сомневај, затоа што мојот план за секој твој ден е секогаш подобар од секој твојот план.
Човек: Не се сомневам. Дозволи ми тогаш, да ти се заблагодарам за сето она што ми се случи денес.
Бог: Дете мое, моите очи секогаш те набљудуваат, драгоцен си ми и сакам да се грижам за тебе, како денес, така и утре и засекогаш.

Прегледи:
1186
Објавено на:
27.02.2020