Категории

Како да го поминете Денот на вљубените во Скопје?

1.Подарете од срце

Секако дека ова не е единствениот ден кога треба да му покажете на вашиот партнер колку ви значи, но е убав повод да се направи романтичен гест, кој секако, треба да се приредува и без повод.

На овој ден подарете од срце, вие најдобро знаете што го прави вашиот партнер среќен и направете мал, но значаен гест. Може да изработите и подарок со посвета или да одберете од нашите среќни специјални валентајан подароци.

2.Искусете нешто поинакво

Внесете нешто поинакво во вашата рутина, отпатувајте негде на еден ден, шетајте во природа, прбајте некоја нова кујна.

Ако сте во Скопје може да го посетите мексиканскиот ресторан Амигос го обележува празникот на љубовта, а на своите гости ќе им подари мексикански љубовен колач на овој ден, а романтичната атмосфера на овој ресторан, вкусната храна и егзоричните коктели ќе ви го направат овој ден совршен за вас.

3.Романтика во домашна атмосфера

Вечерта може да ја поминете и во домашна атмосфера, со убава вечера и филм. Вкусниот десерт е неизбежен, а може да бидете инспирирани од некои од нашите предлог рецепти. Кога сме кај филмовите, ни наближуваат Оскарите, па може да погледнете некои од номинираните филмови или пак некој од класичните романтични филмови.

4.Подарете книга 

Нема поубав и повечен подарок од книга, книгата го збогатува духот, ве занимава и учи истовремено, а секогаш е тука за вас.

Книжарницата Култура по повод празникот на љубовта нуди попуст од 10% до 50% на љубовните изданија со цел да ви ја олесни работата во купувањето на подарок, а покрај книжарницата која се наоѓа на плоштад, може да си купите книга со неколку клика од вашиот компјутер, од нивната онлајн продавница.

5.Посетете културен настан

Одличен начин да го поминете овој ден е да посетите некој културен настан, а доколку не можете да најдете карти за нешто што се одржува тој ден, идеја за подарок би ви била карти за настан што се одржува наскоро. Овде може да погледнете некои од културните збиднувања во градот, а секако погледнете го репертоарот и на Театар Комедија, МНТ и МОБ. 

 

 

 

МЃ