Сите посакуваме да ни се остварат сите наши желби и планови, а благодарение на овој дневен ритуал тоа е возможно. Тој всушност претставува техника на манифестација и не учи како со позитивни мисли да го добиеме сето она кое сме го наумиле.
Доколку сакате да привлечете среќа, љубов, пари или благосостојба во својот живот можете да ја испробате оваа метода на манифестација под името 5×55.
Како всушност таа функционира?
Се што треба да направите е на парче хартија да го напишете она кое сакате да го привлечете во вашиот живот. Запишете ги своите желби 55 пати во текот на 5 дена. Можете да манифестирате речиси се што вашето срце посакува.
Оваа техника на манифестирање најдобро функционира така што ќе останете „усредоточени само на својата желба“. Смирете го својот ум ако почне да лута додека пишувате.
Ако во текот на периодот на манифестација почнете да ги гледате бројките 111,222,333 или 1111, вашата манифестација е доста блиску и ќе стане ваша реалност. Доколку почнете да ги сонувате вашите желби, тоа е знак дека привлекувањето делува.
Манифестацијата е една од најдобрите техники кои можете да ги применувате.
Обидете се да не размислувате за тоа дали вашето манифестирање ќе се оствари. За се во животот треба време, така да е потребно да бидете трпеливи.
Кога нашите мисли ќе се фокусираат на желбата и целта, ние несвесно правиме се за да дојдеме до остварување, затоа и оваа техника е делотворна.