Категории

Како од бајка: Војвотката Кетрин заблеска во чипкана тоалета и го украде сето внимание

Единствената припадничка на кралско семејство која никогаш досега не направила модна грешка

Војвотката од Кембриџ – Кејт Мидлтон, со својот сопруг Принцот Вилијам присуствуваа на традиционалната хуманитарна гала вечер Royal Variety Performanc и за оваа прилика таа се појави во гламурозна тоалета која го привлече сето внимание.
Се работи за креација со потписот на Alexander McQueen, нејзината омилена дизајнерска куќа која исто така го креираше нејзиниот невестински фустан.
Креацијата од црна чипка со отворено деколте на какво не секогаш сме навикнати да ја гледаме, совршено ја пратеше нејзината вита фигура.Целокупниот изглед таа го надополни со дијамантски обетки и совршено исфенирана фризура.