Категории

Кога ќе почнете да горите за другите – Тогаш за вас никогаш нема да има темнина!

Не треба плашливо да размислувате за тоа како ќе се сочувате самите себеси. Мислам дека само оној кој ги усреќува другите, станува уште посреќен. Само оној кој е светлина на другите, самиот ќе прима светлина.

Сте ме запалиле и гледате во моето светло, радувајте се во јаснотијата и топлината која ја дарувам.
Се радувам дека смеам да горам за вас, да не беше тоа така, би лежела некаде во стара кутија без никаква корист. Смисла добивам по тоа што горам. Но, добро знам, колку подолго горам, толку пократка станувам, и се поблиску сум до својот крај.

-Изгоре! – ќе кажете, а тоа што ќе остане од мене ќе го исфрлите.

Знам, за мене постојат две можности: или да останам во кутијата, недопрена, заборавена во темнината, или да горам, да станувам се пократка, да давам се што имам. Во корист на светлината и топлината се доведувам себеси до крајот. Сепак, мислам дека е поубаво и попаметно ако можам да дадам нешто од себеси отколку да останам студена и да лежам во мрачната кутија.

-Гледајте, исто е и со вас луѓето: Или се повлекувате, останувате сами за себе и се е студено и празно, или се приближувате до луѓето и им дарувате од својата топлина и дури тогаш вашиот живот добива смисла: Тој е исполнет.

Но знајте дека за тоа морате да дадете нешто од себеси самите, нешто од својата радост, срдечност, од својата насмевка, можеби и нешто од својата тага. И не треба плашливо да размислувате за тоа како ќе се сочувате самите себеси. Мислам дека само оној кој ги усреќува другите, станува уште посреќен. Само оној кој е светлина на другите, самиот ќе прима светлина. Колку повеќе горите за другите, тоа посветло ќе ви биде и за вас самите. Мислам дека многу луѓе само затоа се мрачни и нерасположени затоа што се плашат да бидат тука за другите, да им донесуваат светлина.

Тажни се и постојано се жалат на тешките времиња. Сеуште не сфатиле. Ова е единствената светлина за која вреди да се гори, за која е вредна и сета темнина на светот. Дозволете ми, малку да ве охрабрам, јас, малечката свеќа.

Прегледи:
556
Објавено на:
17.03.2020