Категории

Кога мислиш дека дошол крајот на се – Тогаш всушност започнува твојот живот!

Животот те учи на сешто, а уште повеќе те учат луѓето кои ќе ти направат сешто, па сфаќаш колку се реални размерите на твојата сила и одлучуваш да не се предаваш на секој удар од судбината. Можеш да преживееш кога ќе сфатиш дека си се родил со цел и дека сите проблеми на кои наидуваш, сите препреки кои луѓето ти ги подметнуваат не можат да ти направат ништо затоа што ти е судено само она што ти го знаеш.

Можеш да преживееш кога ќе ја занемариш бучавата од гласовите кои секој ден се пробиваат затоа што луѓето бараат парче внимание, близина, нежност но на погрешен начин и погрешно место. Можеш да преживееш кога ќе се оттргнеш од луѓето и кога ќе почнеш да правиш нешта кои те прават среќен и стануваш свесен дека не загрозуваш никого но и не дозволуваш некој да упаѓа во твојот свет и да те вознемирува.

Можеш да преживееш кога ќе сфатиш дека можеш да ги игнорираш луѓето кои се негативни и кои зборуваат лошо за да те повредат,  секогаш можеш да се направиш дека не си го слушнал тоа што си го слушнал и дека не си го видел тоа што си го видел. Другите имаат онолкаво влијание врз тебе колку што ти ќе им дозволиш.

Можеш да преживееш кога ќе почнеш да ја користиш сета сила која ја поседуваш и да бидеш најдобриот што можеш. Можеш да бидеш силен ако сакаш. Можеш да бидеш свој. Зошто не го направиш тоа сега? Немој да жалиш за нештата кога ќе биде премногу доцна. Можеш да преживееш, не е до другите, до тебе е колку си спремен да издржиш и да одиш напред.

Прегледи:
661
Објавено на:
29.09.2021