„Сети се дека додека дишеш – постоиш, додека постоиш – се е возможно. Диши, се е во ред. Диши затоа што се е возможно“.
Кога се ќе почне да се руши и кога ќе изгубиш надеж, сети се дека најтешките мигови те обликуваат најдобро.
Сети се дека секоја олуја која поминува низ животот заедно со уништувањето донесува и чистење, отвора простор за ново создавање.
Сети се дека нема сила на овој свет која може да го скрши твојо дух.
Сети се дека нема поголема сила на овој свет од силата на твојот ум.
Сети се дека нема поголеми двигатели на енергијата од љубовта која ја гаиш во своето срце.
Сети се дека твојата цел во животот може да се спаси.
„Кој има „зошто“ поради кое живее, може да се носи со секое „како““ – Фридрих Ниче
Сети се дека што и да се случи, секогаш може да започнеш да го градиш својот живот од почеток.
Сети се дека и колку промената да е болна, болката е само привремена. Ти ќе ја надминеш!
Не губи надеж!
„Сети се дека додека дишеш – постоиш, додека постоиш – се е возможно. Диши, се е во ред. Диши затоа што се е возможно“.
Сети се дека твојот став спрема животот ја обликува твојата реалност.
И затоа негувај отворен ум, негувај ведар дух, негувај љубов спрема себе во овој свет.
Имаш право на избор на сопствениот пат.
„На човек може да му се одземе се, освен последното од човековата слобода – правото на избор на ставот во било какви дадени околности, правото на избор на сопствениот пат“ – Виктор Фанкл