Божјиот свет започнува таму каде што нашиот завршил. Кога нашата темнина е најдлабока, кога ни се чини дека сме сосема исцрпени и немоќни, тогаш доаѓа Божјата сила.
Кога разумот ќе се откаже да биде господар и судија на светот, кога фантазијата ќе се откаже од желбата да ја одредува визијата на светот, кога волјата ќе се откаже од одлучувањата како и што ќе биде до светот и секој човек, тогаш настапува Божјата волја, Божјата визија, Божјиот Дух, Божјата сила и Божјата љубов.
Потребно е да се знае дека верата секогаш го воскреснува човека. А за да воскресне, човек најпрво мора да умре. За да ја види светлината, прво мора да помине низ темнината. За да се огласи Божјиот збор во тебе, прво е потребно да се стишат твоите мисли. За да настапи Божјата волја, прво треба да отстапи твојата. Бог знае најдобро кога и за што е вистинско време.