Никој друг нема да ви биде поголема поддршка од вие самите!
Зошто ни е толку лесно да направите другите да се чувствуваат слушнато и видено? Зошто сме толку добри во утешувањето на другите и правењето да се чувствуваат добро, а од друга страна некогаш сме толку строги спрема себеси?
Зошто некогаш не се запрашаме дали би зборувале со некој драг на истиот начин како што зборуваме на самите себе, ако одговорот е –Не, тогаш веројатно се однесувате премногу строго кон себе.
Наместо да се обвинувате себеси за некои ситуации врз кои сте немале контрола, зошто едноставно не извлечете нешто важно од сето тоа.
Секој пат кога ќе се пронајдете во некоја ситуација која е тешка, смао земете воздух длабоко и одговорете си на себеси како што би посоветувале некој пријател.
Сите имаме мигови кога сме поразени, но тоа не треба да ги засенува сите успеси и достигнувања кои претходно сме ги оствариле. Понекогаш размислуваме премногу за тоа зошто некои нешта не се оствариле на начинот на кој сме посакувале, и забораваме на сиот труд кој сме го вложиле.
Наместо да се убедувате себеси зошто не можете да остварите нешто, започнете да се прашувате – Што всушност ме запира?
И обидете се на секој можен начин да ги отстраните тие препреки.
Како што велат, човек самиот на себеси и својот најголем непријател затоа што често потпаѓа под влијание врз својата несигурност и стравови.
Наместо да се обесхрабрувате тогаш кога чекорите кон остварување на некоја цел и да си кажувате на себеси зошто нема да успеете, третирајте се себеси како најголем и најблизок пријател. Кажувајте си ги оние нешта кои би му ги кажале него кога би бил на тоа место.
Никој друг нема да ви биде поголема поддршка од вие самите!