Категории

Кога животот ќе те притисне и не те пушта – Запамети го ова

Решението е во тебе. Можеби е малку подлабоко закопано отколку што се надеваш, но сигурно е тука. Се вика – вера. Вера во себеси, вера во љубовта и поткрепата на вишата сила. 

Решението е во тебе. Можеби е малку подлабоко закопано отколку што се надеваш, но сигурно е тука. Се вика – вера. Вера во себеси, вера во љубовта и поткрепата на вишата сила. Вера во позитивниот крај. Се нарекува уште и оптимизам, ентузијазам, љубов спрема животот, благодарност за се што си и се што имаш, и се што треба да станеш и да добиеш.

Животот не е мака. Животот не е огромен проблем составен од безброј помали проблеми кои се трудиме да ги решиме за конечно да го пронајдеме својот мир, својата среќа, и тогаш до судниот ден да уживаме во нив. Животот е школа, искуство, напредок, развој.

Ако проблемите ги посматраш како непријатели, тогаш тие никогаш нема да бидат нешто позитивно и конструктивно. Но ако почнеш да ги посматраш како предизвици, како лекции, како ново откритие, тогаш тие ќе се претворат во сојузници, не изгледаат толку застрашувачко и силно.

Животот донесува на поклон разни искуства. Некои ќе ни се допаднат, а некои едвај ги поднесуваме. Тогаш не учи „како не треба“, а оние кои ќе ги дочекаме со насмевка на лицето се тука да ни покажат кои сме, што не привлекува, кој е нашиот пат, нашата смисла, цел, нашите задачи.

Од проблемите и маките не се бега, затоа што од нив не може да се побегне. Сеуште нити еден жив не успеал. Но има опции. Проблемот може детално да се анализира и да се запраша зошто се појавил во нашиот живот токму сега и зошто баш нам, а потоа полека, трпеливо да се побара решение.

Вишата сила е онаа која создала се околу нас. Била интелигентна и самосвесна или не, во секој случај таа е создавачка и многу моќна. Сојузот со ваква генијалност може на сите да ни користи.
Ако била доволно силна да ги создаде сите планети, галаксии и свемир, тогаш тој проблем за неа е детска игра.

Најчесто се случува проблемот да се реши во најраток можен рок, на најдобар можен начин.
Ако животот те притиснал, онака баш добро и силно, и не те пушта, тоа само значи дека не го гледаш тоа што треба да го видиш, нешто во себе, нешто многу важно. Тоа значи дека одиш во погрешна насока. Тоа значи дека си се оддалечил од се што е добро, природно, вредно за внимание. Животот удира шамари, без извинување, кога луѓето го игнорираат.

Затоа, ако сакаш нешто да промениш, знај дека е до тебе и во тебе. Се е препуштено на тебе.