Категории

Која е идеалната боја за прв состанок? Во неа ќе зрачите со самодоверба, интелигенција и сексипил!

Ја знаеме важноста на бојата и каков ефект има таа на перцепцијата на другите за вас, за просторот, за околината. Сте се запрашале сигурно многу пати која е идеалната боја за првиот љубовен состанок, сега ние го имаме одговорот на тоа прашање.

Црвената e за интeнзитет, портокаловата е оптимистичка и друштвена, а сината „зрачи“ со лојалност.

Британска компанија за облека, спровела истражување на 1.000 луѓе, каде ги прашале да го кажат своето мислење за тоа која боја ја поврзуваат со која карактерна особина кај личноста.

Црната била лидер во скоро сите позитивни карарактеристики, како самодоверба, интелигенција и сексипил, што ја прави најдобар избор за интервјуа за работа, први состаноци и свадби. Тоа го покажале и други научни истражувања во минатото, кои ја сметаат црната боја како одлична за секого и во секоја прилика

Црвената се покажала како омилена на мажите за жените, кога ги запрашале што би стоело најпривлечно на спротивниот пол, а жените исто така ја одбрале таа боја кога биле запрашани во што би се чуствувале најсекси на прв состанок. Сепак, ароганција и недостаток на интелигенција биле поврзани со оваа огнена боја, правејќи ја лош избор во професионални средини.

Боите кои никогаш не треба да ги носите доколку сакате да импресионирате некој се портокалова и кафена.

Прегледи:
592
Објавено на:
02.01.2016