Категории

Кортни Кардашијан ни покажа како изгледа најсекси костимот за капење за ова лето (ФОТО)

На прв поглед изгледа како едноставен костим, но на друг веќе ќе сфатите дека ја издолжува фигурата и ги прикрива недостатоците.

Едноделните костими за капење во последните неколку години комплетно се вратија во мода и колку што можеме да забележиме уште долго ќе остане така.

Секоја сезона се радуваме со нови, модерни изданија, а најсекси моделот за ова лето го носи настарата сестра од кланот  Кардашијан, 39- годишната Кортни. Неа навистина и се допаѓа овој модел па го набавила во црна и бела боја, што деинитивно била добра одлука, бидејќи и стои совршено. Но, тоа не е случајно бидејќи го краси еден детал кој визуелно ги издолжува нозете и создава илузија на женствените облини дури и ако ги немате. Станува збор за таканареченото деколте на колковите. Дали ви се допаѓа?