Категории

Кралицата Летисија величествена во 3 изгледи за кои заслужува длабок наклон

Таа е дефинитивно и кралица на стилот

Шпанскиот крал Фелипе и неговата сопруга, Летисија престојуваа во Јужна Кореа, каде убавата и шармантна кралица го покажа својот ракошен вкус за мода.
За време на приемот во Царската палата во Токио, каде што парот присуствуваше на банкет во чест на царот Нарухит, Летисија пружи ретка прилика да ја видиме со круна на главата. Таа носеше розов раскошен фустан очигледно инспириран од јапонската култура и традиција.

Пред тоа, кралицата избра смел разнобоен фустан со флорални мотиви кој го збогати со зелен каиш и ташна со розова нијанса и аксесоар во косата.

На официјалниот прием кај јужнокорејскиот претседател, кралицата се појави во фустан со миди должина и разигран принт на кој доминираа сини и темнозелени тонови.

Прегледи:
367
Објавено на:
29.10.2019