Категории

Лесно е да го средиш изгледот, но треба да се средиш и однатре!

И додека ги правиш сите тие третмани за убавина и нега на кожата, твоите чувства внатре во тебе полека стануваат гнили..

Лесно е да го средиш изгледот, да направиш промена во фризурата или шминката. За миг можеш да изгледаш како сосема друга личност, но и покрај се сепак ја имаш истата душа како и претходно. Обиди се да почнеш од сопствените мисли и начинот на кој гледаш на нештата, дали е тој така убав и пријатен како кога се гледаш себеси во огледало носејќи нова гардероба.

И додека ги правиш сите тие третмани за убавина и нега на кожата, твоите чувства внатре во тебе полека стануваат гнили. Она што вистински ќе те уништи е незадоволството, бесот, тагата, неприфаќањето на себеси. Треба еднаш да го ставиш огледалото и на своето срце и да видиш како тоа вистински изгледа. Дали некој би посакал да се разбуди покрај него гледајќи го неговиот вистински изглед?

Лесно е да го ставиш на себе најубавото одело и да мислиш дека си го решил проблемот, дека си станал некој. Но колку добро е „облечена“ твојата душа? Дали другите би се засрамиле кога би ја виделе нејзината празнина и голотија. За да станеш вистински човек прво мораш да започнеш да ја разубавуваш својата внатрешност, за надворешноста е лесно и секој тоа го може.

Прегледи:
496
Објавено на:
28.04.2020