Категории

Луѓето кои глумат среќа не ги лажат другите, само се лажат себеси!

Смееме да плачеме, затоа што во животот има мигови кои сме слаби, кога претрпуваме загуби, смееме да бидеме слаби затоа што на тој начин се соочуваме со реалноста на животот, смееме да паднеме затоа што само на тој начин ќе научиме како да бидеме силни. 

„Долго мислев дека морам да бидам совршена, на сите да им бидам се, дека не смеам да ја симнам насмевката од лицето, дека морам да ја сокривам сета болка која ја носат, да се правам дека се ми е прекрасно и совршено, дека сите луѓе се супер и никогаш не смеам да кажам дека ми е тешко..
А тогаш малку по малку сето тоа пригушено во себе почна да излегува на една друга страна, на страната на болестите. Една по друга почнаа да се појавуваат не сфаќајки која е вистинската причина за сето тоа кое почна да ми се случува. Денес веќе не се плашам да плачам, не се плашам да се повлечам во самотијата кога немам сила и не се плашам да кажам дека нешто кое не ми се допаѓа, не ми се допаѓа. Престанав да се преправам дека се е секогаш бајковите“ – изјави 34-годишна американка на сајтот за поддршка на лицата со депресија, BattleHelp.

Зошто им е толку тешко на некои луѓе да им признаат на луѓето дека се слаби, дека секојдневно паѓаат, дека немаат волја да се натпреваруваат со другите, дека ги боли тивкото осудување и потценување на другите? Ззошто е тешко да се признае дека животот не е секогаш бајка, дека луѓето околу нас не се такви какви што би сакале да бидат и дека нити ние не сме онакви какви што мислиме дека сме? Од кого се обидуваме да ја сокриеме сета тежина на животот и неговите проблеми?

Само преку признавање на вистината можеме да одиме кон напред. Отворено да се пожалиме за нешто кое не е во ред, да зборуваме за тоа без страв и грутка во грлото. Смееме да плачиме, затоа што во животот има мигови кои сме слаби, кога претрпуваме загуби, смееме да бидеме слаби затоа што на тој начин се соочуваме со реалноста на животот, смееме да паднеме затоа што само на тој начин ќе научиме како да бидеме силни.

Смееме да кажеме дека постојат мигови кога ни е доста од се, кога не сакаме повеќе да глумиме и единственото нешто кое мораме да го направиме за да се ослободиме од товарот е да го покажеме вистинското лице. Смееме и мораме да бидеме искрени кон себеси, затоа што ако се преправаме дека сме среќни и се смееме на сила, не решаваме ништо, напротив, само повеќе тониме во сопствената лага.
Луѓето кои глумат среќа не ги лажат другите, само се лажат себеси!

Прегледи:
763
Објавено на:
18.06.2020