Категории

Модерен дом на Хаваите опкружен со неверојатни пејсажи

Грег Варнер и Марион Филпотс се експерти кога станува збор за создавање уникатни простори, согласно желбите на нивните клиенти. 

Тие го создале овој модерен дом, искористувајќи ги богатите пејзажи на Хаваи и длабоко вкоренета земјоделска историја, како инспирација во нивната естетика.

На крајот на краиштата двајцата, архитектот и дизајнерот на ентериери, израснале на Хаваи, а нивните стилови биле потполно под влијание на океанските бои на островот и рустичната, планинска топографија.

Дуото работело заедно на безброј проекти низ годините, а овој проект е создаден кога им пришле клиентите кои се инаку сопственици на 14 акри имот.

Павилјонот е наменет да биде главна резиденција, издигнат има неверојатен поглед на океанот и планините. Другите парцели се посветени за различни објекти кои ќе ги користи семејството или посетители.

„Примарниот дом е посветен за забава и собиранки на мали групи, пријатели и семејство, за секојдневно живеење“ вели Варнер.

Првичниот план бил да се создаде голем објект, но потоа фокусот бил ставен на простор идеален за собиранки, кујна, бањи и кино.

„Сопствениците сакаа да се создаде простор кој ќе биде одличен за собиранки на семејството и пријателите, но исто така и за да има предавања во заедницата, музички претстави, филмски проекции и многу повеќе.“ објаснува Филпотс. 

На неутралните бои се додадени колоритни елементи, вибрантна мозаична уметност и портокалов под, му даваат посебна енергија на просторот.

Сакале да се зодаде тенка линија помеѓу надворешноста и внатрешноста.

Идејата за ентериерот било да се создаде интимен, но функционален простор.

Проектот бил вистински предизвик, а завршниот производ е простор кој ги комбинира убавината на пејсажите на Хаваи и функционалноста на малиот дом. Варнер и Филпотс ја прифатија неконвенционалноста на барањето на нивните клиенти за самостојна структура со единствена цел за забава, и беспрекорно дизајнираа зграда и ентериер кои им прават на посетителите да се чувстувват добредојдени  и прифатени.