Категории

Модни додатоци за оваа пролет кои ќе го разубават секој ваш стајлинг! (ФОТО)

Доколку сте подготвени за пролетната сезона, тогаш останува уште да вложите во барем една од овие модни хит додатоци за оваа сезона кои веднаш го разубавуваат вашиот стајлинг.

Марама

Овој сестран моден додаток ќе се вклопи во сечиј стил и ќе го направи поубав. Марамите се хит тренд уште од минатата пролет , а може да ги носите на различни начини – наместо ластиче за коса, околу главата, вратот, околу рачките на торбата… можности постојат многу, а сѐ се сведува на вашата креативност.

Шноли

Украсните шноли за коса какви што носевте во детството поторно се ИН и слободно може да ги носите дури и старите шноли ако сте ги зачувале, што е дефинитивно најевтиниот начин да го испратите овој тренд. Но, не очајувајте ако сте ги фрлиле старите бидејќи нови може да најдете во сите шопинг центри. Нанижете неколку суптилни шноли или ставете само една впечатлива – што и да изберете, нема да погрешите и ќе бидете во тренд.

Детали со животински принт

Без разлика дали станува збор за чевли од имитација на змиска кожа или марама со леопард принт, деталите во животински принт го разубавуваат и најздодевниот аутфит, а притоа ќе изгледате луксузно.

Згора на тоа, ќе ви обезбедат тренди изглед бидејќи животинските принтови последните неколку сезони се еден од водечките модни трендови.

Торби со ефектна рачка

Торбите за оваа сезона се помали од било кога и фокусот е на нивните рачки. Најпосакувани се цврстите метални рачки во геометриски облик кои даваат префинет изглед, но во мода се и шарените, кои се носат преку тело или оние кои го негуваат лежерниот стил.

Прегледи:
754
Објавено на:
29.03.2019