Категории

Моќна класична женственост: Моника Белучи во црно одело на модна ревија во Париз

Една од најубавите жени во светот, Моника Белучи е една од оние модни икони која најдобро умее да ја истакне својата женственост преку класичните безвременски парчиња

Иконата на италијанската кинематографија, симболот на убавина и женственост, Моника Белучи е една од познатите дами на дешеницата која знае како да ја истакне својата женственост и сензуалност без да покаже нити малку кожа.

55- годишната актерка беше специјален гостин на ревијата на дизајнерот Alexandre Vauthier во Париз, а за оваа прилика таа избра безвременска класична елеганција во вид на црно одело кое го надополни со високи потпетици, плик ташна и минималистички накит.

Она што остави најголем впечаток беше нејзината фризура која е најавена за најпопуларна фризура која ќе ја одбележи оваа 2020 година.

Прегледи:
737
Објавено на:
25.01.2020