Категории

На Бог се сеќаваме тогаш кога не ни преостанува ништо друго – Мудра приказна со силна порака

Мудра приказна за вербата во Бог и како не смееме да дозволиме да сетиме на Него само кога животот ни е лош

Во едно семејство, во последно време работата на таткото одела лошо. Во домот постојано имало расправии со мајката. Затоа нивното дете повеќе сакало да скита. И дедото бил со лоша волја. Постојано пиел и нарзо умрел како да ја претчувствувал несреќата надвисната над целото семејство. На крајот поради долговите морале да ја продадат и куќата.

Мајката ги собирала последните нешта во голема кутија, а бабата молчејќи потпрена на вратата ја посматрала. Однадвор се слушнал звук на сирена од автомобил, а таткото станал нервозен.

„Заминуваме, заминуваме..“ – прошепотила мајката во себеси. Потоа ја подигнала главата и одлучно рекла: „Нема да се завртам“ – а потоа веднаш се завртила. Тоа бил последниот поглед на изгубениот дом. Двете жени имале очи полни со солзи.

Бабата уште еднаш длабоко воздивнала. Со тешки чекори се одвоила од кујната во која го поминала речиси целиот свој живот. Малото дете одеднаш го забележало крстот кој незабележан останал да виси на ѕидот, па извикало:
„Бабо, го заборавивме Бога!“
„Да дете..“ – тажно одговорила старицата. „Да не го заборавевме Бог, сега немаше да мораме да се селиме!“

Прегледи:
456
Објавено на:
29.04.2020