Категории

Најдоброто нешто кое можете да го направите е – секогаш да одите понатаму

Никогаш не е доцна за да се обидете повторно, шансите секогаш ќе постојат

Никогаш не се плашете повторно да се обидете, повторно да сакате, повторно да живеете или повторно да сонувате. Можеби искуствата од минатото ќе ве направат сомничави и плашливи, но тоа е многу полошо од тоа да се обидете повторно и да не успеете. Шансите ќе постојат секогаш. Не дозволувајте тешките лекции да ви стврднат срцето.

Најдобрите животни лекции често ги учиме во налошите времиња и од најтешките грешки. Ќе постојат периоди кога ќе ви се чини дека се отишло наудолу и дека не може да биде полошо. И може да ви се чини дека нема излез,но никогаш не е така. Кога и да сте спремни да се откажете, сетете се дека понекогаш нештата мораат да тргнат на полошо за да тргнат на подобро.

Пронајдете сила да се смеете секој ден. Пронајдете сила да се чувствувате храбро и прекрасно. Пронајдете начин и кај другите да го предизвикате истото. Не мачете се со нешта кои не можете да ги промените. Живејте едноставно, сакајте великодушно и зборувајте искрено. Работете посветено, и запомнете – откажувањето никогаш не е опција.

Прегледи:
437
Објавено на:
22.11.2019