Категории

Најстариот пациент кој го прележа коронавирусот – 104 годишниот дедо е ветеран од Втората светска војна а ја преживеал и шпанската грозница

Вилијам Бил Лепсчис е најсреќниот дедо на светот. Тој е најстариот пациент кој го прележа коронавирусот, а воедно е и ветеран од Втората светска војна а ја преживеал и шпанската грозница

Вилијам Лепсчис е роден во 1916 година, а освен короната успеал да ги преживее и Втората светска војна и шпанската грозница. Тој неодамна го прослави својот 104-ти роденден, речиси месец откако за прв пат покажа симптоми на заразниот респираторен вирус.

„Ова можеше многу лесно да заврши поинаку“, рече докторот Роб Ричардсон за Оригон Паблик.
Тој објасни дека ветеранот не развил тежок респираторен облик и немало потреба да го ставаат на респиратор.
Вилијам е меѓу првите луѓе во САД кај кои беше дијагностициран висрусот Covid-19.

На прославата по повод неговиот роденден се собраа голем број граѓани и новинари кои го забележаа овој момент.