Категории

Научете да се сакате и да се прифатите СЕБЕСИ

Основната мудрост вели: Ако не се сакаш себеси, не можеш да ги сакаш нити другите.

Не е лесно да се прифатите самите себе со се сите грешки. Но ако успеете во тоа тогаш од својот живот ќе ја отстраните загриженоста и воедно нема веќе да се нервирате кога некој ве критикува.
Кога еднаш ќе се прифатите самите себеси полесно ќе ги прифатите и другите. Третирајте се себеси онака како што сакате и другите да ве третираат, потпрете се на себеси баш онака како што би сакале да се потпрете на партнерот. Кога ќе успеете во тоа, ќе имате што да му пружите на другите.

Основната мудрост вели: Ако не се сакаш себеси, не можеш да ги сакаш нити другите. Кога не се сакате себеси, тогаш вие често не се разбирате и сте склони кон самокритичност. Се плашите од осаменост и избегнувате да бидете сами, влегувате во врска од погрешни причини или заглавувате во погрешна врска.

Кога не се сакате самите себеси, во љубовниот однос гледате почеток и крај на се, а особено на сопствената среќа, па и самиот живот. Спремни сте да се жртвувате себеси и своите потреби за другите кога ќе ја изгубите саканата личност, особено ако се чувствувате отфрлено, ко не се сакате се губите себеси.
Дали секоја критика ја земате при срце? Ако тоа се случува често, тогаш вие не сте премногу задоволни со самите себеси. Променете ги некои навики и начинот на размислување.

Еве неколку совети како да се прифатите самите себеси:
Сетете се на една или две мали грешки кои ги знаете за себе. Кажете си на себеси дека за десет години нив веќе нема да ги има па сеедно е тоа што сега постојат. Можеби сеуште не ви е јасно зошто имате одредени грешки но со текот на времето ќе разберете.

Потсетете се дека сите луѓе имаат добри и лоши карактеристики. Бидете трпеливи самите со себе. Сеуште не сте престанале да учите – а учиме целиот живот.
Ако верувате во виша сила тогаш убедете се себеси дека таа виша сила ве сака онакви какви што сте. На сличен начин ве сакаат и родителите. А обидете се да го направите тоа и самите.

Помислете на своите карактеристики кои не ги сакате а не можете да ги промените. Дали во тие карактеристики има нешто кое би можеле да го засакате?
Помислете на некого кого го сакате. Дали го сакате и покрај неговите маани? А зошто не би можеле и на тој начин да си дадете и на себеси малку љубов?

Научете да ја примате љубовта. Прифатете ја љубовта која ви ја даваат блиските луѓе, нивните добри дела, убави зборови, комплименти и поклони. Вежбајте самите себеси да си велите „те сакам“, сакајте се безусловно и таква љубов ќе ви го исполни срцето.
Однесувајте се спрема себеси како спрема најдобар пријател.

Простувајте си и бидете присутни во секој нов ден. Простете си себеси за грешките и пропустите.
Негувајте се, пронајдете време за себе и негувајте се физички, емоционално, ментално и спиритуално. Правете го она што ви дава мир, љубов и среќа.