Ослободи се од грижата за тоа што ќе помислат другите за тебе, само така ќе ја имаш сета почит, во спротивно ќе бидеш маскота која се натпреварува за туѓото одобрување.
Нарцизмот сеуште никого не усреќил, но многумина мислат дека тие можат да бидат исклучок.
Денес никој нема да признае дека е нарцис нити дека е зависник од нешто. Нарцисот всушност не е заљубен во себеси, туку во сопствениот одраз, во својата слика. Зањубен е во тоа што ќе кажат другите за него, како ќе го гледаат, што ќе мислат за него, како ќе изгледа во нивните очи.
И тогаш почнува борбата за тој одраз, постојано натпреварување, споредување, меѓусебно уништување, и на крајот – самоуништување.
Нарцисодината личност гледајќи во сопствениот одраз ја губи самодовербата, сигурноста.
Ако се претворите во еден од нив, вашиот живот станува само претстава за другите во која единствената цел е да се добие аплауз, а на тој начин нема да стигнете никаде.
Големиот грчки мислител Питагора рекол: „Задоволи се со своите дела, а на другите препушти им да зборуваат за тебе што сакаат.“
Ако живееш за она што ќе го мислат или ќе го кажат другите за тебе – Стануваш нивен роб.
Ако сакаш да бидеш слободен, ослободи се од грижата за тоа што ќе помислат другите за тебе, само така ќе ја имаш сета почит, во спротивно ќе бидеш маскота која се натпреварува за туѓото одобрување.