Категории

Не дозволувај да те плаши нечиј студ – Нека нив ги плаши твојот оган

Не плаши се од нивната негатива, нека тие се плашат од тебе.

Некои луѓе едноставно се како темни облаци, живеат за да го уништат нечиј ден, живот. Тие се хранат од туѓото незадоволство и чувства. Колку повеќе дозволуваш да го замрачуваат и твоето небо, толку посилни стануваат.

Некои луѓе едноставно премногу долго живееле во сопствениот мрак што не можат да ја поднесат светлината, па и колку да се трудиш да им сториш добро и да им донесеш надеж, едноставно нема да успееш да ги промениш.

Не плаши се од нивната негатива, нека тие се плашат од тебе. Додека тие самите не одлучат дека е време да направат промена и да се соочат со сето зло во нивниот живот, никогаш нема да им годи она што е убаво и радосно.

Не можеш да го ослободиш човек кој не сака да ги напушти своите синџири. Престани да се обидуваш да направиш некој да ја засака топлината се додека самиот не се ослободи од својот мраз.