Категории

Не е важно колку пати ќе паднеш, поважно е колку пати си спремен да почнеш пак од почеток

Почни од почеток, кажи ЗБОГУМ!

Драг човеку, престани да се грижиш. Зарем не гледаш како животот поминува и не чека ни на тебе ни на мене. Престани да се надеваш, затоа што некои луѓе никогаш нема да дојдат. Не трпи, реагирај. Доста ги ставаш другите во прв пла, сега планирај ја сопствената радост. Смеј се, игнорирај ги негативните луѓе, поминувај време правејќи го она кое го сакаш, не му дозволувај на никој да те смета за помалку вреден, затоа што ти вредиш онолку колку што си свесен за тоа.
Кога ќе те обземе некоја тага и мака, немој да потклекнеш, пронајди излез, создади решение.

Со цврста верба во Бог, се е возможно и остварливо. Биди добар, но не премногу. Разговарај со луѓето, но држи дистанца. Отвори ја душата, но не го соблекувај заштитниот оклоп. Луѓето се се освен луѓе, особено оние кои го тврдат спротивното. И немој да жалиш за ништо. Минатото е позади твојот грб, а пред тебе се нови падови, нови шанси и нови успеси. Можеби нема да ги оствариш своите соништа денес, утре или оваа година, но еден ден сигурно ќе го направиш тоа. Тој ден ќе добиеш и животна лекција.
Не е важно колку пати ќе паднеш, многу е поважно колку пати си спремен да почнеш повторно од почеток.

Прегледи:
660
Објавено на:
09.12.2019