Категории

Не се потпирај на иднината – Избери да живееш денес!

Пред да умреш – сакај, плачи, бори се, биди разочаран, копнеј, остварувај, надевај се. Пред да умреш – живеј!

Денес е твој ден. Престани со одложувањата, престани да го одложуваш својот живот, својата среќа, своите соништа и желби. Престани да се одложуваш себеси и започни го денес твоето патешествие во станување на личноста која посакуваш да бидеш. Нема повеќе изговори.

Денес е вистинското време за планирање на своите патувања, време да ги посетиш сите места кои отсекогаш си посакувал да ги видиш. Да се сретнеш со луѓето кои ти значат и одамна не си бил поракј нив. Денес е вистинскиот ден да станеш силен, борбен и храбар. Не постои идеален миг, постои само сега.

Престани да очекуваш од другите луѓе да ги направат тие нешта за тебе. Престани да очекуваш поддршка, аплауз, одобрување.. Нема никогаш да ги добиеш. Одлучи се и осмели се, дури и ако си сам против сите.

Биди спонтан, биди смел, дозволи му на твоето срце да води, дозволи им на чувствата да ја превземат контролата врз твоето битие, можеби ќе погрешиш а можеби и не. Но престани да се однесуваш како да ги немаш, како да си само прав. Сите еден ден тоа ќе станеме, но пред тоа ти си од крв и место и имаш срце и душа. Дозволи им да те водат низ животот, пред да умреш – сакај, плачи, бори се, биди разочаран, копнеј, остварувај, надевај се. Пред да умреш – живеј!

Прегледи:
526
Објавено на:
08.06.2020