Секоја личност на оваа планета има своја единствена приказна. И затоа не им судете на другите пред да ги запознаете затоа што вистината би можела да ве изненади.
Едно 24-годишно момче, гледајќи преку прозорецот на возот извикало:
„Татоооо… Гледаааајј…. Дрвјата се движата наназааааад!“
Таткото најрадосно се насмевнал со љубов кон својот син.
Но за тоа време еден млад брачен пар, кој седел од спротива, го гледало момчето од 24 години со така и сожалување.
Одеднаш тој повторно викнал:
„Татоооооо, погледнииииии, облаците летааааааааааааат!“
Брачниот пар веќе не можел да издржи па со сожалување им рекол на таткото на момчето:
„Господине, зошто не го одведете вашиот син кај некој добар доктор? Сигурно некој би можел да му помогне.“
Таткото насмевнувајќи се им возвратил:
„Го направив тоа. Баш сега се враќаме од болница. Мојот син, ова момче кое го гледате, беше слеп од самото раѓање. Но со операција му е вратен видот. Тој од ова утро веќе за прв пат во животот може да ГЛЕДА!“
Секоја личност на оваа планета има своја единствена приказна. И затоа не им судете на другите пред да ги запознаете затоа што вистината би можела да ве изненади.