Категории

Не трудете се да се забележи вашата присутност, туку да се почувствува вашата отсутност!

Никогаш не престанувајте да бидете светлина, да бидете добрина и благородност.

Бидете едноставен човек, луѓето со такви особини се чувствуваат подобро и секој ги почитува и сака. Немојте да размислувате кои зборови ќе ги одберете, какви дрази и тактики ќе користите. Со едноставните личности животот станува едноставен, а тоа е она што сите го сакаат. Секогаш кажувајте ги вистинските зборови, светот и онака е сокриен под маска.

Потрудете се луѓето во вашата близина да се почувствуваат прифатени, какви и да се прифаќајте ги нивните добри и лоши страни. Со вашата човечност и симнете ги оние кои седат на тронот на егото. Секогаш бидете подготвени да им го пружите најдоброто од себеси, најубавото од вашата душа.

Не судете, не критикувајте, не озборувајте. Покажете ја вашата грациозност со тоа што ќе ја прифатите разликата како дел од шаренилото на светот. Имајте отворен ум, почитувајте ги другите и самите себеси. Откривајте ја туѓата вредност, на тој начин вашата дупло ќе се зголемува.

Никогаш не престанувајте да бидете светлина, да бидете добрина и благородност.
Нека го почувствуваат вашето отсуство, присуството брзо се заборава!

Прегледи:
527
Објавено на:
16.04.2020