Категории

Не замижувајте пред ништо денес – Живејте онака како што вам ви одговара

Дали станавте утрово без страв? Без грчеви? Без болка? Дали станавте утрово без да погледнете што направивте вчера и што кажа некој за тоа? Дали станавте утрово без воопшто да размислувате за проблемите што може да ги донесе овој ден? Дали станавте утрово и рековте дека денес ќе биде убав ден? Ако го сторивте тоа, тогаш сте богат човек. Без разлика колку пари имате на сметката. Богат човек се со тоа што го имате во душата. Не само богат, туку и среќен човек. Затоа што вие така одлучивте.

Немој да замижуваш пред ништо денес! Пред никого и пред ништо. Не ги затворајте очите пред проблемите дома и на работа. Ќе има секогаш, но едно немојте никогаш да заборавите, не им давајте предност никогаш. Не е црнилото на животот што го заслужува вашиот внатрешен свет. Дајте му убавина и ќе ја имате потребната сила за да преживеете.