Категории

Негативните луѓе се како трули овошки – Исфрли ги од твојот живот!

Избегнувај ги негативните луѓе, едноставно отстрани ги од твојот живот, како кога фрлаш трула овошка од садот преполн со убави и сочни овошја. 

Помалку комплицирани нешта, помалку депресивни денови, помалку тешки фрустрации, помалку очај за некој подобар свет. Секој нов ден навистина изгледа акко нов. Мирниот и исполнет човек ќе ги направи помирни и поисполнети тие околу себе. Оној кој е фрустриран со нечија негативност ќе шири негативност и на другите.

Избегнувај ги негативните луѓе, едноставно отстрани ги од твојот живот, како кога фрлаш трула овошка од садот преполн со убави и сочни овошја. Покрај негативни луѓе никогаш нема да можеш да живееш позитивен живот. Тие ќе те влечат надолу се додека еден ден не те закопаат жив под земјата со своето незадоволство, депримираност и мрачен поглед кон се што ги опкружува.

Никогаш нема да се ослободиш од своите болни мигови и трауматични случувања доколку ги држиш покрај себе. Стави крај и почни од почеток, нова и бела страница без ничија трулост.
Ти можеш да успееш и да бидеш вистински среќен и исполнет само кога ќе се опркужиш со луѓе кои ја будат среќата, ведрината и радоста во тебе. Само тогаш ќе живееш подобар и посупешен живот.