Категории

Некој те чува, дури и кога не го знаеш тоа..

И кога најмногу ти треба, кога ти е тешко, кога се плашиш, кога собираш сила и бараш поддршка која ти е потребна, и кога не можеш да заспиеш ноќе, и кога мислиш дека нема никој – некој те чува!

Дури и кога не го знаеш тоа, дури и кога не го бараш. И кога најмногу ти треба, кога ти е тешко. Кога си среќен и безгрижен. Кога перницата ти е натопена со солзи. Кога си во прегратка на саканата личност. Кога си сам. Кога спиеш. Кога си во ново и непознато. Кога си во познато, па не мислиш.
Некој те чува.

Кога преминуваш улица, кога некој друг вози. Кога си гладен. Кога ти е мака од храна. Кога си во друштво во кое не се смееш. Кога некој ќе ти се насмевне а ти сакаш да заплачеш.

Некој те чува.

Кога ти е ладно. Кога некој ќе те покрие. Кога се охрабруваш самиот себеси. Кога си далеку од се што познаваш и што ти е блиско, а се што ти треба ти е во срцето. Кога некој ти покажува каде да одиш. Кога се плашиш. Кога ќе залуташ и кога треба повторно да го пронајдеш патот.

Некој те чува.

Кога трчаш да стигнеш некаде и тогаш кога си на време. Кога некому му честиташ а тој не знае да се израдува, па тебе ти е жал. Кога си буден за да бидеш тука за некој друг. Кога сакаш а ти е тешко. Кога сакаш да ја поделиш својата среќа.

Некој те чува.

Кога сонуваш и создаваш соништа. Кога во мислите ќе ти се појават некои слики. Кога ќе се повредиш и ќе ти излезе нова рана. Кога ќе го добиеш омилениот поклон, кога некој те прегнува.
Кога запознаваш луѓе со кои ја делиш радоста. Кога правиш промени. Кога пееш а никој не те слуша. Кога собираш сила.

Некој те чува.

Кога зборуваш за своите чувства, кога одлучуваш да откриеш се што ти се крие во срцето. Кога собираш сила и бараш поддршка која ти е потребна. Кога им дозволуваш на другите да те поддржат. Кога веруваш во добро. Кога го слушаш внатрешниот глас. Дури и кога мислиш дека е погрешно, губиш време и се оттргнуваш од вистинскиот пат.

Некој те чува.

И кога забораваш на себе, и кога ќе се сетиш кој си. И кога си бесен и незадоволен поради нешто. И кога не можеш да заспиеш ноќе, и кога во спиењето пронаоѓаш решение за се. Кога мислиш дека не може подобро, иако длабоко во себе се надеваш дека не е вистина.

Некој те чува.

Кога блескаш во своето најдобро издание, и кога си во мрак. Кога бираш да се чувствуваш добро. Кога си дозволуваш на себе да те понесат чувствата. Кога не ти е грижа, кога не ти е гајле, кога мислиш дека не си му битен на никого.

Некој те чува.

Некој се грижи за тебе, за твојот здив и отчукувањата на твоето срце. Некој кој те создал и кој те сака, надвор од границите кои ги познаваш. Некој за кого си совршен баш таков каков што си. Некој кој верува во тебе и знае дека можеш. Некој кој те гледа со очи полни со љубов и ти ја дава потребната сила. Некому кому си доволно добар и ти дава се што ти е потребно.

Некој те чува.

Прегледи:
908
Објавено на:
25.12.2019