Категории

Нешта за животот на кои ме научи мојата баба

Мојата баба ме научи да го романтизирам животот, да ја следам сопствената среќа, да живеам со радост, да ги ценам и големите и малите нешта, да се посветам потполно на нештата околу мене. 

Мојата баба ме научи да го романтизирам животот, да ја следам сопствената среќа, да живеам со радост, да ги ценам и големите и малите нешта, да се посветам потполно на нештата околу мене.
Она на кое ме научи таа е тоа да бидам вљубена во животот, да го живеам со полна пареа.

Таа живеела со страст и со енергија, иако не поседувала многу нешта кои јас ги поседувам денес. Да го оставиме материјалното настрана, се што ни е потребно во животот за да го направиме исполнет е нашата аура, врската која ја имаме со светот и начинот на кој живееме.

Мојата баба живееше едноставен живот, а токму во таа едноставност се крие неверојатна убавина. Таа не се грижела за бројот на калории кои ги внесува во денот, не се грижела како нејзиното тело се менува, дали поседува вишок килограми. Секогаш уживала во сето она кое и го нуди животот, слатките мали задоволства како омилениот чај и колач со лимон, никогаш не би ги заменила за тоа да изгледа како денешните фотомодели па знам дека не би ми дозволила да го направам тоа денес.

Мојата баба живеела живот онака како што тој вистински треба да биде живеен, користејќи ја секоја минута од него. Посетила многу места ширум светот, но не оставила зад себе нити една фотографија, затоа што била присутна во мигот, уживала со своето срце и сите свои сетила, не како тоа што го правиме денес постојано обидувајќи се да фотографираме секаде каде што ќе одиме и притоа забораваме да уживаме во сето тоа.
Нејзината страст нема никогаш да престане да ме инспирира.

Прегледи:
1088
Објавено на:
10.09.2020