Категории

Никогаш да не се откажете – Вистинската поента на животот

Престанете да чекате совршен миг – Искористете го мигот и направете го совршен! Тоа е само ваша одлука!

Нема повеќе чекање петок да биде слободен.
Престанете да чекате лето за да го правите она што го сакате.
Престанете да чекате некој за да ве направи среќни.
Среќата не зависи од никој нити од било што однадвор. Среќата зависи само од вас. Поради тоа престанете да очекувате нешто или некого и уживајте во својата душа.
Се зависи од вас, живејте СЕГА и сакајте го животот со сето срце.

Понекогаш животот ни пружи можности во однос на приликите – некои кои ги сакате или некои за некои за кои воопшто не мислите. Некои можности доаѓаат само еднаш. Други се прекрасни и ви го менуваат животот на подобро. Некои пак се смислени да постојат само за да ви помогнат да растете и еволуирате.

Животот е процес на учење. Тој е брканица, растење, среќа, очај, проблеми, стрес, насмевки, љубов.. Понекогаш нештата одат добро, понекогаш се прилично катастрофални. И тоа затоа што животот нема мирен пат, тој е со подеми и падови, со убави и помалку убави мигови. Но тоа не значи дека морате да се откажете и да чекате нештата да се решат, или некој да ве спаси. Тоа не значи дека морате да седите мирни на своето место и да гледате што се случува.

Време е да превземете контрола над својот живот. Време е да излезете од зоната на комфорот и да искористите се што се случува околу вас. Време е да ризикувате, да растете и вистински да живеете.

Животот е премногу краток за да го чекате вистинскиот миг. Следете ги своите соништа, борете се за она што го сакате. Живејте секој ден како да ви е последен.
Што е најлошото што може да ви се случи? Нема да успеете.. Но ќе научите една од најважните лекции во својот живот. Да не се откажувате, затоа што всушност тоа е поентата на животот!

Прегледи:
631
Објавено на:
12.02.2020