Категории

Носиме многу окови во животот – а најтешки се оние кои сме ги ставиле самите

Престанете да си ставате окови и да се ограничувате себеси, живејте слободно секој ден, затоа што тоа е само ваше право и никој не може да ви го одземе!

Окови од тоа што ќе кажат другите, окови од нашите уверувања, окови од нашите навики, окови од нашите негативни чувства, окови од нашето размислување. Но за голем дел од тие окови сме виновни самите ние, затоа што самите сме дозволиле да бидеме заробени. Сами сме ги понудиле сосптвените раце, мисли, чувства и уверувања. И потоа целиот живот се жалиме на нив, се прашуваме како да се ослободиме, без да знаеме дека тоа е толку лесно и силата се крие во самите нас.

Низ животот носиме многу окови. Преминуваме преку многу нешта и тогаш сфаќаме колку сме заробени, и остануваме заробени затоа што клучевите од нашиот живот ги препуштаме на другите. Мислиме дека другите се оние кои можат да управуваат со нас, да не насочуваат на вистинскиот пат, да не усреќуваат, да ни помагаат на патот кон успехот, се додека еден ден нив повеќе ќе ги нема а ние сме останале заробени во празнината на нашите илузии, уште подлабоко, уште поцврсто.

Секојдневно се заробуваме во сопствените окови, сопствените очекувања дека мораме да направиме нешто, мораме и мораме, се додека не е премногу доцна и сфаќаме дека целиот живот сме биле робови на тие нешта кои се „морале“, а ништо од тоа не „морало“.

Слободата е наша и само ние можеме да си ја дадеме или одземеме од самите себеси. Клучот до неа лежи во нашите раце и никој не може да го земе од нас. Се додека не почнеме да веруваме дека постои живот каде што можеме да размислуваме, зборуваме, сонуваме, живееме онака како што посакуваме, засекогаш ќе бидеме заробени во сопствените окови кои ги носиме.

Прегледи:
498
Објавено на:
18.04.2020