Категории

Освежувачка маска за лице од краставица – Подмладува и измазнува

Краставицата е толку корисна што после оваа маска за лице нема да посакате да пробате ниедна друга

Велат дека краставицата е бескорисен зеленчук затоа што содржи само вода (точно 95%). Но з акожата таа всушност прави чуда. Овозможува хидратација и го освежува тенот, ја одржува кожата тонирата и се бори против надуеноста. Преостанатите 5% ги сочинуваат витамини (А група, Б,Ц,Е,ПП,Х,К) и органски киселини.
Имаат антиоксидансно дејство, спречуваат прерано стареење на кожата, ја изблуваат и негуваат.

Маска за очи од краставица
Краставицата ставете ја во фрижидер 15 минути за да се излади. После тоа, исечете кругови со дебелина околу 2мм и ставете ги во пределот околу очите, после чистење. Оставете ги да делуваат 15-20 минути а потоа избришете ја кожата со тоник и нанесетеја вашата омилена хидратантна крема.

Маска од краставица за смирување на воспалението после сончање
Изрендајте свежа изладена краставица и добиената каша измешајте ја со лажица сок од алое вера. Нанесете на кожата и оставете ја маската 10-15 минути. За да спречите смесата да се рашири, ставете ја на пешкир. После псотапката измијте го лицето со студена вода и нанесете хидратантна крема.

Освежувачки тоник од краставица
Измешајте сок од лубеница и сок од краставица во размер 1:1. Течноста ставете ја во шише и чувајте ја во фрижидер. Намокрете туфер и поминете го лицето.

Маска за избелување
Измешајте сок од краставица и лимон во однос 3:1. Нанесете ја добиената течност на кожата врз памучен пешкир и оставете да делува 15 минути. Потоа измијте со студена вода.